„Министерството за финансии го одолговлекува повратот на средства во висина од 25 милиони денари за општина Центар. Иако, општината формално на повеќе наврати ги бара средствата кои и’ следуваат законски, министерството не одговара и не постапува според одлуката на судот.
Имено, во судскиот спор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Центар од 2013 година, судот првично пресудил во корист на министерството, по што на општината и’ биле повлечени 25 милиони денари од сметката. По жалбата на општината и направената ревизија, Врховниот Суд го враќа предметет во Основниот Суд, кој при новото разгледување досудува во корист на општина Центар. Министерството за транспорт ја прифаќа одлуката на судот и со големо оддолжување, сепак, доставува налог до Министерството за финансии да се вратат средствата кои и биле одземени на општина Центар.
Оттогаш е поминат подолг период, но министерството за финансии не ја извршува транскацијата. Ова не е прв пат министерствата да ја опструираат работата на оштината Центар. Пред неколку месеци, општината мораше да реагира во медиумите за да и’ се издаде формално одобрувањето за кредит наменет за градба на новото основно училиште во Капиштец. Министерството за финансии и тогаш намерно ја одложуваше оваа одлука, која е чиста формалност, со цел да ја опстриура работата на општината.
Општина Центар го повикува министерот Миновски итно да ја реализира транскацијата и да престане со ваквите политички игри. Од ваквиот политички реваншизам, штета трпат само граѓаните“, соопштуваат од Општината.