Анкета во Србија: Тито најдобар политички лидер

Од:

Граѓаните на Србија велат дека за нив најдобар политички лидер бил Јосип Броз Тито,додека зад него е актуелниот премиер Александар Вучиќ, се вели во анкета  на Демостат изработена во 2016 година.

Според Блиц, кои имале увид во резултатите, на листата следува поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а далеку зад него е некогашниот претседател на СРЈ Слободан Молишевиќ кој добил три отсто гласови. Борис Тадиќ и Воислав Коштуница имаат само по два отсто гласови.

Во рангирањето на шест лидери како што се наведува, Тито има предност кај сите образовни групи, а Вучиќ само кај среднообразованите испитаници – 28 спрема 25 отсто.

Анкетата врз 1.500 испитаници правена „лице-во-лице“ укажува и на теми – како живеат граѓаните на Србија, имаат ли надеж во промени на подобро, однос на граѓаните кон демократијата и политичките партии, но и за шанси за изборите идната година. Детали од таа анкета се очекуваат денеска на прес конференција, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени