Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,2 по Рихтер го погоди Јужниот остров во Нов Зеланд.
Потресот е регистриран во 00,34 часот на 30 километри југозападно од туристичкиот град Каикура, на длабочина од десет километри.
По главниот земјотрес, кој беше со магнитуда од 7,9 по Рихтер, истата област била погодена од уште најмалку три последователни потреса со интензитет од 6,2, 5,7 и 5,8 по Рихтер го погодиле Јужниот остров на кој се наоѓа Амберли, град со околу две илјади жители.