Две лица загинаа во силниот земјотрес на Нов Зеланд, соопшти премиерот Џон Ки

Од:

Две лица загинаа како резултат на силниот земјотрес во Нов Зеланд, соопшти премиерот Џон Ки.

– Во моментов немаме индикации дека овој број ќе се зголеми, но не можеме да исклучиме таква можност, изјави Ки пред новинарите во Велингтон.

Тој додаде дека воен хеликоптер бил испратен во туристичкиот град Кајкора на Јужниот Остров, во близина на епицентарот на потресот со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала.

Претходно денеска, министерот за одбрана Џери Браунли изјави дека добиле извештаи за жртви во реонот на Кајкора.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле