Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд. Епицентарот е на 46 километри од градот Амберлеј каде има 2.000 жители и 86 километри од градот Кристчрч кој во 2011 година беше погоден од разорен земјотрес од 6.3 степени по Рихтер и кога погинаа 185 луѓе. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на социјалните мрежи споредулуваат фотографии од оштетени куќи и хаосот кој го направи земјотресот.
Првично беше кажано дека земјотресот беил со јачина од 7,4 степени по Рихтер.