Стинг одржа концерт во салата Батаклан во Париз, на годишнината на нападите

Од:

Една година по атентатите од 13 ноември 2015 година од концертната сала Батаклан во Париз повторно се слушна музика. На еден ден пред официјалните церемонии во спомен на жртвите од париските атентати, синоќа во неа концерт одржа светската музичка ѕвезда Стинг, пренесоа француските медиуми.

На лицата на присутните во текот на целиот концерт, што траеше 1,5 час,  се менуваа и насмевки и солзи. По последните ноти на „The Empty Chair“ многумина од приближно 1500-те присутни во салата се прегрнаа и пејачот го испратија со бурни ракоплескања, како за прекрасната изведба на британскиот музичар, така и за повторното „раѓање“ на салата Батаклан.

На крајот од концертот Стинг ги спомена и проблемите пред кои се исправени мигрантите, пеејќи ја својата песна „Inshallah“. Тој му оддаде почит и на американскиот репортер Џејмс Фоли, кој беше егзекутиран во Сирија во 2014 година од страна на џихадистите на Исламска држава.

На концертот присуствуваа мноштво познати личности, вклучувајќи ја и градоначланичката на Париз, Ан Идалго, министерката за култура Одре Азулем и пејачите Патрисија Кас, Жан Шерал и Лу Доајон.

На 13 номеври 2015 година во салата Батаклан беа убиени 90 од вкупно 130-те жртви на париските атентати, наведуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз