На Јемен му се заканува „сомализација”

Од:

Ал Џезира – Доха

Претседателот на Јемен, Абед Рабо Мансоур Хади го отфрли мировниот предлог од пратеникот на ОН Исмаил Оулд Шеик Ахмед и тој чин доаѓа во согласност со надежите и стремежите на многу Јеменци. Според зборовите на претседателот Хади, овој план со себе не носи ништо друго освен семе на војна, бидејќи со него се наградуваат пучистите, а се казнува јеменскиот народ и легитимитет. Поради неприфаќањето на овој предлог и продолжувањето на јеменската криза, како и несериозноста на меѓународната заедница во разгледувањето на овој проблем, почна да се зголемува стравот од резултатот на политичкиот процес во Јемен. Аналитичарите сметаат дека работите мора да се решат со воен пат и да се заврши воениот удар за да дојде до стабилизација на состојбата во државата.

Новинарот Рашад ал-Шараби вели дека завршувањето на воениот преврат и враќање на контролата над преземените државни институции претставува примарна задача на движењето за легитимитет кое го предводи претседателот Хади. Мировниот план на пратеникот на ОН го урива тој легитимитет и дава легитимност на воениот удар, што е спротивно на одлуките на Советот за безбедност и гаранциите на меѓународната заедница која е против превратот.

Воено решение

Во разговор за Ал Џезира се додава дека пред претседателот Хади не се наоѓаат други опции освен решавање на кризата по воен пат со поддршка на арапската коалиција, посебно откако беа остварени големи успеси на теренот. Ако не се оствари тоа, ќе биде нанесен удар на легитимитетот, пучистите ќе го зајакнат своето присуство во Јемен и ќе ги озаконат своите злосторства. Тоа ќе влијае на продолжување на војната во оваа земја, а состојбата нема да се стабилизира ни во децениите кои доаѓаат.

Исто така, ваквите настани доведуваат до превирања и на регионално ниво, а поради таквите нестабилни односи големите сили нема да можат да обезбедат заштита на своите интереси во регионот. Абдул Бакл Шамсан, професор по политичка социологија на Универзитетот во Сани, смета дека Хади не ја отфрлил иницијативата на пратеникот на ОН бидејќи таа се поклопува со појдовните основи за надминување на јеменската криза, или поради тоа што таа е историски преседан на ОН во одземање на легитимитет на избрана влада и давање на легитимитет на превратнички групи кои се наметнаа како авторитет со доведување пред свршен чин. Постои причина која е посериозна од сето наведено, а тоа е проектот за „сомализација” на Јемен.

Според негово мислење, оваа иницијатива открива дека Јемен е една од државите во арапскиот регион која треба да биде преформулирана врз основа на поделбата меѓу сунити и шиити и поделбата меѓу северот и југот.

Политички адут

Шамсан за Ал Џезира вели дека легитимната влада и државната коалиција повторно треба да ги согледаат настаните на сцена и да го оценат ефектот од изминатиот период и да продолжат понатаму во правец на ослободување на земјата со воено дејствување, не осврнувајќи се на ставовите на меѓународната заедница.

Политичкиот истражувач и аналитичар Мохамед Јумех потенцира дека Владата не треба само да го отфрли овој мировен предлог, туку да се вклучи во сериозна расправа со пратеникот на ОН во врска со тоа, како и да ги изнесе своите ставови и предлози кои се однесуваат на овој мировен план.

За Ал Џезира вели дека ја отфрлува можноста на нови исчекори на јеменската сцена во следните два месеца, ако се земе предвид дека Америка е зафатена со изборите и доаѓањето на новиот претседател на чело на државата.

Обединетите нации се окупирани со изборот на нов генерален секретар, поради тоа Владата на Јемен треба да ги аткивира силите на отпорот и со воен пат да донесе промени во однос на силите на теренот, а потоа да го искористи како политички адут кој ќе и донесе победа и иднина.

Примирјата само привремени

Али ал-Ахмади, поранешен портпарол на Советот на отпорот во Адена, смета дека јеменскиот народ нема други алтернативи, како и државите коалиции кои се со него, освен да ја продолжи борбата и да однесе победа над пучистите и да ја реши кризата со воен пат. Смета дека последниот мировен план ги изненадил пучистите и легитимната власт, што претставува потег кој наговестува нејасна визија и несогласувања со одлуките на ОН.

Тој објаснува дека ставот на легитимното јеменско раководство е во согласност со стремежите на различните политички сили и делови на општеството кое се против воен удар. Овој став, исто така е во согласност до меѓународните одлуки кои се јасни во своите осуди за воен удар, обврзување на пучистите да го предадат оружјето и да се повлечат од градовите.

Тој смета дека не постои некое можно и разумно решение освен имплементација на меѓународните резолуции, како и дека ОН треба да преземат чекори во тој правец откако превратничките полиции ја покажаа својата несериозност во поглед на решавањето на проблемите по мирен пат. Секоја пауза за дијалози, преговори и сите примирја кои се постигнати од оваа страна беа само привремен прекин на судирите со цел за повторно организирање на силите и јакнење на фронтовите.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида