(ВИДЕО) Јаковлески: Политичарите да се борат без омраза и едни против други

Од:

На конвенцијата на “ВМРО за Македонија“ прв се обрати Гојко Јаковлески, еден од основачите и финасиер на почетните партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во 1990 година Драган Богдановски ме викна и рече дека со паѓањето на Берлинскиот ѕид има услови да дејствуваме за Македонија, ми кажа дека сака да формираме партија, демократска партија за македонско национално единство.

Точно на 31 мај 1990 година во Минхен дојдоа Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски. Ние се видовме, почнавме да разговараме, четири дена бевме заедно и шетајќи по Минхен, Богдановски ми го посочи Љубчо Георгиевски и ми рече-јас планирам Георгиевски да биде водач на партијата.

Јас му реков многу е млад, а тој ми возврати-многу е интелегентен ќе биде прав војвода, кажа Јаковлески.
Испадна Љубчо се вклучи во борбата и беше многу напреден и способен. Тие рекоа на ДПМНЕ да се стави префикс ВМРО, јас и не сакав зошто требаше да го оставиме тоа на историјата, можевме и без ВМРО да ги добиеме изборите, рече Јаковлески.

Сакам да апелирам на денешните политичари да се борат за слоганот сложност, за власт но без омраза и едни против други, рече Јаковлески и им посака успех на Коалицијата ВМРО за Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Георгиевски: Нашата цел е минимум 15 пратеници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дончев: Истите оние кои го уништивме едноумието на комунизмот ќе го уништиме едноумието на ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он

(ВИДЕО) Бошкоски: За нас вистинските вмровци, само врвовите хималајски се лимит

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Балковски: Скапи споменици со мала вредност на изработка, вистинските проекти неупотребливи и промашени

А1он

(ВИДЕО) Велковски: Јас со книшка 0057 не сум бил ВМРО, Диме Спасов и Јанкулоска биле ВМРО

Предраг Петровиќ