(ВИДЕО) Балковски: Скапи споменици со мала вредност на изработка, вистинските проекти неупотребливи и промашени

Од:

Честита нека ни е нашата коалиција „ВМРО за Македонија“. Кажувам, нашата коалиција затоа што секој наш член и симпатизер ја чувствува и треба да ја чувствува оваа коалиција како своја и како наша, а не само како збир на повеќе партии како што се другите коалиции и затоа е наша коалиција, рече Љупчо Балковски, носител на листата во втората изборна единица.

– Имаме мегаломански споменици претставени како проекти, со мала вредност на изработка, а многу скапи, а од друга страна потребни проекти за граѓаните и државата, многу скапи а неупотребливи и промашени. Тоа е жално во оваа наша земја, рече Балковски.

Тој му се извини на лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски од име на членовите, бидејќи кога било потребно не го разбрале, а потоа веќе било доцна. Вели, сите решенија што ги предложил Георгиевски биле премолчени, а потоа други си ги присвојувале.

– На само еден ипол час возење, ние сме во земјите на Европската унија, а на само еден час летање се наоѓаме во средиштето на ЕУ, а владата на ДПМНЕ направи ние да се најоддалечената земја од ЕУ и НАТО. Секоја земја од Европската унија и покрај сите тешкотии и предизвици во денешно време се стреми и постигнува сопствен развој, а со тоа напредок и квалитет на живеење на нивните граѓани, рече носителот на двојката.

Балковски потсети дека на 11 декември се избира Собрание и влада, а не локална власт или комунално претпријатие.

– И на овие избори ќе се изнаслушате и од ДПМНЕ и од СДСМ која програма е со повеќе страници, повеќе проекти, колку повеќе ќе изградат едни и колку повеќе други, тротоари и клупи. Нема да слушнете решенија со кои Македонија ќе стане дел од ЕУ и НАТО, за начинот на работата на институциите и начинот на развој и напредок на РМ. Е тоа ќе го направи нашата Коалиција ВМРО за Македонија, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Георгиевски: Нашата цел е минимум 15 пратеници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Јаковлески: Политичарите да се борат без омраза и едни против други

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дончев: Истите оние кои го уништивме едноумието на комунизмот ќе го уништиме едноумието на ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он

(ВИДЕО) Бошкоски: За нас вистинските вмровци, само врвовите хималајски се лимит

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Велковски: Јас со книшка 0057 не сум бил ВМРО, Диме Спасов и Јанкулоска биле ВМРО

Предраг Петровиќ