(ВИДЕО) Велковски: Јас со книшка 0057 не сум бил ВМРО, Диме Спасов и Јанкулоска биле ВМРО

Од:

Носителот во шесттата изборна единица на коалицијата “ВМРО за Македонија“,поранешниот воен пилот на АРМ, Зоран Велковски на конвенцијата во МОБ кажа дека неговата членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ е со бројот 0057.

-И сега јас за нив не сум бил ВМРО, Гордана Јанкуловска е ВМРО, јас не сум ВМРО, Диме Спасов е ВМРО, рече Велковски.

Во мирнодопски услови паднаа два хеликоптери, загинаа многу пилоти и воздухопловен персонал. Сите тие беа мои соборци и пријатели, прекрасни луѓе. За цела 2001 година не им фалеше влакно на тие луѓе, кога ги гаѓаа со секакво можно оружје. Не загинаа во војна, загинаа во мир, во времето на владеење на Никола Груевски и Али Ахмети.

Над 1000 професионални војници под команда на Стојанче Ангелов маршираа за нивните права што им беа одземени, и наместо Груевски да не повика и да и им помогне на овие луѓе, тој преку министерот за одбрана Коњановски издаде наредба под итно да се спроведат лекарски прегледи за мене, да бидам симнат од летање и да бидам прекомандуван во Дебар. Тоа задоволство не им го дадов, сам ја напуштив АРМ и заминав за Авганистан, рече Велковски.

Повеќе нема ништо да биде исто, затоа што со нас е премиерот од 2001 година, Љубчо Георгиевски, со нас е министерот на полиција од 2001 година Љубе Бошкоски, затоа што со нас е генералот Стојанче Ангелов кој дојде од Ирак, рече Велковски.

Наши соборци од блискиот Исток и Тихиот океан ќе ни се придружат следниве денови, ние доаѓаме, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Георгиевски: Нашата цел е минимум 15 пратеници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Јаковлески: Политичарите да се борат без омраза и едни против други

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дончев: Истите оние кои го уништивме едноумието на комунизмот ќе го уништиме едноумието на ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он

(ВИДЕО) Бошкоски: За нас вистинските вмровци, само врвовите хималајски се лимит

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Балковски: Скапи споменици со мала вредност на изработка, вистинските проекти неупотребливи и промашени

А1он