Републички натпревар во табла за лица со телесен инвалидитет во Тетово

Од:

Во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност” денеска во ресторанот Арена во Тетово по седми пат се одржа Републичкиот натпревар во табла. На годинашните натпревари учествуваат лица со телесен инвалидитет од 12 градови во Македонија.

– Целта е да се дружиме и да покажеме дека живееме и постоиме какои другите граѓани. Ние како „Мобилност“ активно и секојдневно работиме за унапредување на правата на овие лица и со тоа да ја потврдиме Конвенцијата за правата на телесните инвалиди што е ратификувана на 11 декември 2011 година од страна на Македонија, изјави Велимир Јаќимоски од здружението „Мобилност”

Учесниците на натпреварот велат дека ваквите активности се одлични за запознавање и дружење со лица со телесен инвалидитет од цела Македонија. Од здружението „Мобилност” поосчија дека продолжуваат со разните тековни активности, а веќе започнале да се подготвуваат и за одбележување на 3 Декември – Светскиот ден на лица со попреченост. Најавија протестен марш до општината за подигање на свеста на институциите и потребата од поголема грижа и разбирање за лицата со инвалидитет.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски