Во чешката Влада, функцијата ќе им престане на министерот за здравство Сватоплук Њемечек и министерот за човекови права Јиржи Динстбир, изјави денеска премиерот Бохуслав Соботка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, предлогот за отповикување од функцијата на претседателот на државата Милош Земан, Соботка ќе му го достави в недела.
Истовремено, претседателот на чешката Влада ќе ги предложи и новите министри.
Нов министер за здравство ќе биде досегашниот директор на Универзитетската болница Мотол, Милослав Лудвик, а Јан Хвојка ќе ја извршува функцијата министер за човекови права.
Соботка, оцени дека министрите не си одат поради некаков скандал или проблеми, туку заради ,,покомпактибилно функционирање на Владата”.