Традиционалните бизниси голем потенцијал за развој на руралните средини

Од:

Многу мали бизниси со голем потенцијал за раст, имаат руралните области во Македонија. Тие создаваат не само традиционални, туку и иновативни производи, но обично не се достапни во урбаните центри, до некои други, потенцијални купувачи. 

Како што беше речено на денешниот Саем за традиционална и органска храна „Вкусот на Македонија“, малите бизниси се воедно мотор за економскиот развој зашто креираат работни места и затоа треба максимално да се поддржат.

– Да се поддржат идеите за нови бизниси за да се создадат можности за луѓето од руралните средини. Токму малите бизниси се дел од основата за здрава економија, порача заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефан Томагиан и додаде дека ваквите манифестации се пример како една идеја од локалните заедници може да прерасне во сериозен бизнис.

И директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД Едвард Гонзалез укажа на потребата од поддршка на малите, семејни бизниси. – Тие се главна движечка сила на македонската економија. Отвораат нови работини места, како и можности за луѓето, и во градовите и во руралните средини, истакна Гонзалез.

Органско гравче, слатко од шипка, чаеви, природни сокови, козметика, облека, зачини,…, се само дел од производите што може да се видат и купат на Саемот. Според производителите-изложувачи, потрошувачите се повеќе го препознаваат квалитетот, знаат да разграничат што е конвенционална, индустриска, а што традиционално произведена храна.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза