НВО Инфоцентар: МРТ станува граѓански сервис, но заборави на Диме Спасов

Од:

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за набљудување и анализа на медиумите во периодот октомври 2016 – февруари 2017 година, ќе спроведува мониторинг на информативната програма на јавниот радиодифузен сервис. „МРТ во функција на граѓаните“ е проект кој има за цел да утврди дали и до кој степен Македонската радиотелевизија, во рамките на информативната програма на првиот програмски канал на македонски јазик – МРТ1, ја остварува својата законска обврска да биде јавен сервис на граѓаните.

Мониторингот го опфаќа периодот непосредно пред предвремените парламентарни избори, периодот на изборната кампања и периодот по изборите на 11 декември, 2016 година. Предмет на мониторингот е централната информативна програма Дневник 2, како и дебатните емисии емитувани на првиот програмски канал на МРТ.

„Првиот извештај ги содржи наодите од мониторингот на известувањето на јавниот радиодифузен сервис во рамки на централната информативна програма Дневник 2, на првиот програмски канал – МРТ1, во периодот од 17 до 30 октомври 2016 година:

– Во централната информативна емисија Дневник 2 на МРТ1, во периодот од 17 до 30 октомври, преовладуваше инклузивниот, неутрален и балансиран тон на информирање. Прилозите се најчесто трансмисија на официјални ставови и реакции. МРТ1 ги следи клучните општествени збиднувања со посебен акцент на политичките настани и процеси (пред сѐ, изборите и СЈО). Во известувањето се вклучени главните политички субјекти и останати засегнати страни. И во прилозите посветени на политичките партии, тонот на известување е неутрален, со цитати и парафрази, без дополнителни коментари, квалификации или други интервенции од страна на новинарите. Многу ретко се застапени изјави и ставови на стручни лица. Во ситуации кога се бараат изјави на експерти, новинарите им се обраќаат главно на „дежурните“ експерти (кои се најчесто на линија на власта) и притоа не прават дополнителен напор да обезбедат мислења на други стручни лица кои не се толку често застапени во јавноста, но кои можат да понудат компетентни и различни аспекти, гледишта и ставови.

– Случајот на заменик-министерот Диме Спасов претставува лакмус-тест за новинарството во МРТ1 и на директен и недвосмислен начин ги покажа слабостите и недостатоците на исклучиво регистрирачкото, трансмисиско, формално неутрално и балансирано известување без каков било дополнителен новинарски ангажман. Во информирањето на МРТ1 (во првите два дена) за овој настан, имаше само „голо“ соопштување на официјалните ставови на МВР и на политичките партии. Граѓаните не добија поширок и продлабочен спектар информации и гледишта за овој настан. Отсуствуваа реакции, толкувања, анализи, ставови и мислења на експерти, граѓански активисти, а новинарите на јавниот сервис, во првите два дена, пропуштија да ги постават, но и да се обидат да ги добијат одговорите на клучните прашања во врска со овој случај од јавен интерес – што навистина се случувало на 28 октомври, зошто Спасов користел службено возило по работното време, дали бил во алкохолизирана состојба, зошто избегал од полицијата која го застанала, зошто дозволил друго лице лажно да се пријави дека возело наместо него, зошто се менуваат изјави во полицијата и др. Новинарите не се и не смеат да бидат само обични пренесувачи на ставови и мислења, тие за теми од јавен интерес треба да поставуваат прашања и да бараат одговори, особено за теми, како во случајов, поврзани со (зло)употребата на државните функции и јавното добро, (не)почитувањето на законите од страна на високи државни функционери, загрозувањето на безбедноста на граѓаните и др.

– Интензивното присуство на државните функционери во централните вести на МРТ1 покажува дека институциите и функционерите се оние кои ја наметнуваат дневната агенда на настани, односно имаат целосна иницијатива и, практично, клучно место во оформување на дневните актуелности и програмската рамка на информативните програми на МТВ1. Ваквиот тренд, претставува опасност главни носители на предизборната кампања да не бидат политичките партии, туку власта и државните институции. И од аспект на јавниот интерес не треба да се заборави фактот дека тој ни оддалеку не смее да се поистовети со интересите на власта и на државата. Тој единствено им е иманетен на потребите на граѓаните.

– Иако вестите за граѓанските активности ретко се застапени во најавната шпица на централните вести на јавниот сервис, сепак, нивното присуство и видливост бележат позитивен исчекор. Континуираното известување за граѓанското општество, во Дневник 2 на МРТ1, укажува на изменет плански уредувачки приод кој отстапува повеќе простор за теми и проблеми иницирани од граѓаните.

– Вестите кои се објавуваат на интернет-страницата на МРТ не се директен предмет на набљудување, но сепак, забележана е некоординираност со вестите и информациите што се емитуваат во централната информативна програма. Понекогаш на интернет-страницата отсуствуваат вести за значајни настан и процеси, како на пример, случајот со заменик-министерот Спасов. Видливото отсуство на информации за оваа тема (во првите два дена по настанот) индицира разногласие меѓу уредувачката политика на информативната програма на МРТ1 и уредувачката политика на тимот задолжен за уредување и администрирање на интернет-страницата на јавниот радиодифузен сервис“, стои во монитроингот на НВО Инфоцентар.

mrt

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он