Ламбите во форма на скелет се креирани од страна на дизајнерите Марсиа Зиа и Пол Стивен, кои воедно ја имаат основано и компанијата „Зиа-Привен“ во 1999 година, и од тогаш работат на креирање на најинтерсните светлосни инсталации.
Нивниот најнов производ, кој е наречен „Филипе“ претставува осветлување во облик на скелет кој поседува абажур наместо глава.
Секоја од ламбите од колекцијата е дизајнирана со цел да изгледа како да позира и совршено со стилот се вклупува во сите модерни ентериери правејќи ги многу интересни.
Ова единствено осветлување е достапно со сребрени, бронзени или целосно бели детали и црн или снежно бел абажур.