Домашните екипи не дозволија на ниту еден од петте натпревари одиграни синоќа во Евролигата, на победа да се радуваат гостите.
Сите пет средби од 6.коло во кошаркарската Евролига завршија со победи на домашните тимови.
Најнеизвесно беше во Атина, каде Панатинаикос дури по продолжението го совлада Макаби со 83-75.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати: Уникс Казан – Црвена ѕвезда 65-62, Дарушафака – Бамберг 72-70, Милано – Анадолу Ефес 105-92 и Барселона – Жалгирис 92-86.
Денеска ќе се играат преостанатите три средби. Дербито е во Москва каде кај актуелниот европски шампион и досега единствен непоразен тим ЦСКА гостува мадридски Реал.
Во Истанбул , Галатасарај го пречекува Олимпијакос, а Фенербахче на Перо Антиќ гостува во Шпанија кај екипата на Басконија .
Актуелниот шампион ЦСКА Москва која е единствената со максимални 5 победи е водечки тим на табелата, на која зад московската екипа со„скор“ 4 победи и 1 пораз се Реал Мадрид и Фенербахче. По нив со ефект 4-2 следуваат, Панатинаикос, Барселона и Дарушафака, додека Олимпијакос и и Басконија имаат по 3 победи и 2 порази.