Скопското обвинителство ја истражува сообраќајката во која загина 19-годишно момче

Од:

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20 октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесет годишно момче Х.К. во Обвинителството пристигнала на 8 ноември и започнати се дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите.

– Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое е запретена затворска казна од најмалку четири години. Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице, се вели во денешното соопштение од скопското Обвинителство.

Од досега преземените дејствија, како што е посочено, утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот доставил Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице.

Од Обвинителството посочуваат дека предложените мерки се прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Момче е повредено во сообраќајка во Охрид

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

А1он

Четири лица се мртви, а 16 се повредени во судир на украдено возило од автобус во Тексас

Горан Наумовски

Момче е тешко повредено во сообраќајка во близина на Битола