Во кошаркарската Евролига денеска на програмата се пет натпревари од шестото коло. Во пресрет на ова коло само актуелниот бранител на шампионската титула московска ЦСКА е без пораз, а во оваа рунда рускиот првак пред својата публика ќе игра против Реал Мадрид.
Двојки за 6.коло:
Уникс Казан – Црвена ѕвезда,
Дарушафака – Бамберг,
Панатинаикос – Макаби ТА,
Милано – Анадолу Ефес и
Барселона – Жалгирис (денес);
ЦСКА Москва – Реал Мадрид,
Галатасарај – Олимпијакос и
Басконија – Фенербахче (утре).
Актуелниот шампион ЦСКА Москва која е единствената со максимални пет победи е водечки тим на табелата, на која зад московската екипа со скор од четири победи и еден пораз се Реал Мадрид и Фенербахче, а по нив со ефект 3-2 следуваат, Олимпијакос, Панатинаикос, Барселона, Дарушафака и Басконија,…