ФОТО: По 65 години, градинката „13 Ноември“ во Центар е целосно реконструирана

Од:

По 65 години, општина Центар комплетно ја реконструираше градинката „13 Ноември“.

Од дотраениот и руиниран објект, останаа само ѕидовите. Се’ друго е ново, квалитетно, современо и според сите највисоки еколошки стандарди за ваков тип на објект.

Градинката е на површина од 2350 м2, и денес децата добија многу подобри услови за престој и воспитување.

Фасадата е енергетски-ефикасна, со весели бои. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите и целосно е обновен подрумскиот простор, каде што се сместени сушара, перална и машински простории за парно.

По долги години, конечно е решен огромниот проблем со влагата, кој имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените.

На местото на искршениот и опасен паркет и ламинат, поставен е нов и квалитетен паркет. Градинката доби нови, нелизгачки плочки , прозорци, грејни тела и нови изолациски подови.

Според стандардите за производство и пласман на храна-HACCP, кујната е изработена според сите стандарди, а храната се доставува со лифт.

Поставени се и две рампи за децата со посебни потреби.

Градинката „13 Ноември“ е современ, енергетски ефикасен објект, реконструирана со најквалитетен еколошки материјал, а децата добија услови како од бајките, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски