На еден рид во близина на германскиот град Штутгарт е изградена ултрамодерна куќа, која наликува како вештачки додаток на своето природно опкружување.
Куќата „Планински кристал“ претставува идеален баланс меѓу солидноста на каменот и кршливоста на кристалот, кој се рефлектира во бетонот и стаклото, а нејзиниот севкупен визуелен ефект дополнително доаѓа до израз поради екстериерниот контраст.
Во оваа градба доминира модерниот архитектонски дизјан, кој се карактеризира со тоа што дизјанерите не се обидуваат да го „омекнат“ бетонот со органско дрво и употреба на светли бои.
Бетонските ѕидови се надополнети со големи стаклени прозорци, преку кои се пружа поглед кон околината и блискиот Штутгарт, но во исто време архитектите се потрудиле да обезбедат доволна приватност на сопствениците на куќата.