Мекејлеб најави можност повторно да заигра за Македонија

Од:

Гостувањето на шпанската екипа Гран Канарија во Скопје во рамките на Еврокупот и дуелот со македонскиот шампион МЗТ Скопје привлече внимание особено што во редовите на шпанската екипа настапува Лестер Бо Мекејлеб.

Американецот со македонски пасош беше дел од македонската репрезентација на Евробаскетот во Литванија 2011 година кога Македонија го освои четвртото место.

– Не зависи од мене дали ќе се вратам во репрезентацијата. Можеби наскоро ќе се видиме во Скопје. Сега сум во Гран Канарија и имаме одлична сезона, за во иднина не се знае, можно е да заиграм и за МЗТ Скопје, изјави Мекејлеб.

Пред почетокот на оваа сезона постоеше интерес кај МЗТ Скопје во своите редови да го донесе Мекејлеб.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ