Италијанската полиција заплени 213 килограми и уапси еден маж осомничен за илегална трговија со дрога.
Кокаинот, чија вредност се проценува на 200 милиони евра, пронајден е во девет ранци на напуштен гумен чамец на една плажа во близина на Пиза.
Мажот е уапсен кога дошол да земе еден од ранците.
Полицијата не соопштува други детали за случајот.