Дождот ја одложи жетвата на оризот во Кочанско

Од:

Поради обилните врнежи дожд, жетвата на оризот во Кочанско од утрово е прекината.

Според Подрачната единица на Министерството за земјоделество, шумарство и водостопанство, жетвените активности одлично напредуваа, но се ставени во мирување поради зголемените колични вода во нивите.

Од насеаните 4.310 хектари, досега се ожнеани 2.745 или 64 отсто. Од нив, 385 хектари кај земјоделските претпријатија и 2.360 кај индивидуалните производители. Просечните приноси по единица површина се од 4.680 килограми (кај индивидуалните производители) до 4.750 килограми (кај земјоделските претпријатија).

Како што информира Подрачната единица, од досегашните жетвени активности се добиени 18.068 тони оризова арпа од кои 1.828 тони кај земјоделските претпријатија и 16.239 кај производителите.

Во општина Кочани се регистрирани 16 субјекти за откуп на ориз. Од нив во откупот се вклучени 12 кои склучиле договор со 2.456 производители. Моментно, просечната откупна цена на арпата е 18 денари за килограм.

Оризопроизводителите има уште 3.000 тони непродадена оризова арпа, во залиха.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници