Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во регионалната СЕХА лига. Тие синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја оправда улогата на фаворит и со убедливи 36:22 го совладаа босанскиот тим Извиѓач. Во двете полувремиња беше по 18:11.
Најефикасен ракометар кај Металург беше Никола Костески кој постигна шест гола, додека Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ реализираа по пет, а Давор Палевски и Филип Кузмановски по четири гола.
Веќе утре Металург го очекува нов дуел и тоа против францускиот тим Монпеље во рамките од Лигата на шампионите, натпревар кој ќе се игра СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:45 часот, додека следен противник во СЕХА лигата ќе биде градскиот ривал Вардар во мечот кој ќе се игра на 22 ноември во СЦ „Јане Сандански“.
Инаку, вчера во СЕХА лигата, се одиграа уште две средби. Веспрем минимално со 31:30 го победи Машков Брест, а Татран Прешов со 34:30 беше подобар од Горење.
Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 19, Веспрем 18, Мешков Брест 17, Цеље 12, Горење Велење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6 и Извиѓач 0.