Струга го одбележува Денот на ослободувањето

Од:

Со положување цвеќе пред споменикот на Револуцијата, претставници на Сојузот на борците од Струга, Музејот, „Д-р Никола Незлобински“ на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и поддржувачи денеска го одбележаа 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашизмот.

Општина Струга и годинава не се вклучи во одбележувањето, а Советот ја нема изгласано ниту годишната Програма за одбележување значајни личности и настани за 2016 година.

Според претседателот на Комисијата за одбележување значајни личности и настани Николин Велкоска – Глигороска, годишната програма не била донесена поради потребното Бадентерово мнозинство и несогласувања на советниците околу одредени прашања.

– Општината не учествувала во одбележување на Денот на ослободувањето на градот и во изминатите години кога беше донесена програмата, а не издвојува ниту средства за организација и одбележување, истакна Велкоска – Глигороска.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски