„Golden World Award” за „Енергетска математика“ на ЕВН Македонија

Од:

Комуникацискиот проект „Енергетска математика“ на Агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност „Имиџ ПР“, ја доби наградата „Golden World Award” што ја доделува Интернационалната асоцијација за односи со јавност – IPRA, во категоријата „Односи со заедницaта“.

Ова е прва награда доделена од IPRA, што ја добива проект од Македонија.

Според оценките на стручното жири на IPRA, проектот „Енергетска математика“ покажал извонредни комуникациски резултати, интерактивност и иновативност, со што се исполнети највисоките професионални стандарди. На свеченото доделувањето на наградите што се одржа во Доха, Катар, председателот на IPRA Барт де Врис истакна дека годинава, при оценување на пристигнатите решенија, стручното жири оценило дека победничките проекти покажуваат голем напредок во сегментите на мерливоста и анализите на резултатите.

„Енергетска математика“ е дел од Платформата за енергетска ефикасност, што ЕВН Македонија ја спроведува од 2012 година заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија, а чија цел е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење.

„Енергетската математика“ е комплексен комуникациски проект кој преку различни канали на комуникација ја пренесува главната порака за „вредноста“ на електричната енергија изразено преку  киловат час и начините на кои може да се рационализира потрошувачката во секојдневниот живот. Комуникациските средства подготвени на едноставен и секому разбирлив јазик покрај другото опфаќаат: осум филмувани епизоди од секојдневиот живот на просечното семејство Јаневи и Адеми, кои се емитуваа на македонски и албански јазик, вклучување на младата публиката преку интеракција на социјалните медиуми, едукативни работилници за заинтересираната јавност, надворешно огласување, радио пораки, телевизиски видео материјали итн. Енергетската ефикасност е тема која покрај тоа што има големи ефекти врз животната средина, значајно влијае и на семејниот буџет.

Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA е основана на 1. мај 1955 година во Лондон.Иницијативата за основање на оваа организација потекнува од практичарите за односи со јавност од Холандија и Велика Британија. IPRA, како професионална организација, е признаена и од Обединетите нации и има советодавен статус во Економскиот и Социјалниот совет (ECOSSOC), како и во УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции