Ракометарите на Металург вечерва во 20 часот и 30 минути во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ја пречекуваат екипата на Извиѓач во натпревар од регионалната СЕХА лига.
Македонскиот вицепрвак ја има улогата на апсолутен фаворит во мечот против екипата која сезонава во СЕХА конкуренцијата одигра седум натпревари и сите ги загуби.
За избраниците на македонскиот селектор Лино Червар ова ќе биде добра можност се оствари втората победа пред продолжувањето на дуелите во СЕХА, но пред се во Лигата на шампионите каде ги очекуваат и далеку посериозни противници.
На другите два денешни натпревара играат:
Татран Прешов – Горење (од 17 часот) и
Веспрем – Мешков Брест (од 19 часот).
Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 19, Мешков Брест 17, Веспрем 15, Цеље 12, Горење Велење 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.