Основен суд Скопје: Уверенија од казнена и кривична евиденција ќе се издаваат за 5 до 7 дена

Од:

Поради предвремените парламентарни избори во Република Македонија и приливот на поднесени барања за издавање уверенија од казнена и кривична евиденција, тие ќе се издаваат во рок од пет до седум дена, зависно од обемот на работа, информираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

– Сите граѓани кои имаат потреба од уверение од казнена или кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно, навреме да го поднесат барањето во Кривичниот суд во Скопје. Конкретните уверенија, согласно законските одредби,  се поднесуваат и се издаваат од страна на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење, се вели во соопштението од Судот.

Во него се додава дека за сите информации околу начинот на поднесување барање, плаќање на законски утврдената такса и потребните обрасци, за уверенија од казнена и кривична евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, граѓаните можат да се информираат преку веб-страницата на судот: http://osskopje1.mk/ , а корисни информации можат да најдат на линкот  http://osskopje1.mk/cms/FCKEditor_Upload/soop150616.pdf .

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО