Сопствениците на продавниците на сувернири во центарот на Москва велат дека традиционалните руски кукли „Бабушки“ со ликот на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп се се попопуларни меѓу колекционерите и туристите.
Од друга страна, „Бабушки“ со ликот на неговата демократска ривалка Хилари Клинтон не можеа да се најдат во продажба ден пред претседателские избори во САД.
Еден од вработените во продавница која продава „Бабушки“ со ликот на Трамп вели дека во последно време главно ги купуваат колекционери и странци.
Во продавниците за сувенири во Москва може да се пронајдат „Бабушки“ на кои се насликани рускиот претседател Владимир Путин, германската канцаларка Ангела Меркел и некои други лидери од минатото.