Едно архитектонско студио од Истанбул го проектираше новиот Меѓународен конференциски центар во главнот град на Сенегал, Дакар, кој претставува спој на совремниот стил и традиционалните карактеристики на оваа африканска држава.
Најистакната карактеристика на оваа градба, која восхитува со својата комплексност и симболика, е нејзината натстршница, која се протега над целиот објект и со својата сенка го обединува целиот комплекс.
При изградбата доминантен материјал кој се користел било дрвото баобаб, кое е карактеристично за Сенегал и чија употреба има многувековна традиција во овој регион.
Пред зградата е поставен голем базен во кој се отслукува целиот објект. Тој има и симболично значење за важноста на водата во оваа доминантно пустинска држава, но во исто време претставува и извор на свеж воздух.
Комплексот е со вкупна површина од речиси 77.500 метри квадратни, а во аудиториумот, пространата конференциска хала и големиот број соби и сали за состаноци, може да прими околу 1.500 лица.
Градбата е со прозорци од подовите до таваните, поставени под различни агли, кои нудат одличен поглед кон околината и садниците со дрвата баобаб и воодено се отсликуваат во големиот базен.