Кошаркарите на Карпош Соколи забележаа нов пораз во АБА лигата откако вечерва во рамките на 8. коло загубија на гостувањето кај ФМП со 67:62.
Екипата на Карпош Соколи е единствената која нема победа во досегашниот тек од АБА лигата, а за ФМП ова е трета победа. Резултат по четвртини: 18:16; 18:15; 17:15 и 14:16.
Карпош Соколи подобро го почна натпреварот и поведе со 10:7, но ФМП направи серија од 7-0 и го презеде водството, кое го имаше до крајот на натпреварот.
Домашниот тим во вториот период во два наврати успеа да поведе со 11 поени разлика (32:21 и 34:23). Екипата од Скопје на почетокот на третиот период успеа да изедначи (39:39), но не успеа да дојде во водство.
Најефикасен на натпреварот беше Филип Човиќ со 22 поена, додека кај Карпош Соколи најпрецизни со по 13 поени беа Драган Лабовиќ и Рајан Ричардс.
Во последниот натпревар од 8. коло вечерва играат Црвена Звезда и Партизан.
Табела: Будуќност 16 бодови, Црвена Звезда 14, Цибона 14, Цедевита 13, Партизан 13, Игокеа 12, ФМП 11, Крка 11, Задар 11, Морнар 10, Мега 10, МЗТ Скопје Аеродорм 10, Олимпија 9, Карпош Соколи 8.