Најмодерни тениски игралишта се градат во Неготино

Од:

Во Неготино во тек е изградбата на две тениски игралишта на тврда подлога. Се градат од страна на општината заедно со Агенцијата за млади и спорт. Увид во работите на терен денеска изврши градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, во чест на утрешниот празник на градот. 

– Како што може да се види на лице место, работите на терен се во фаза на напредок. Комплет целата инсталација е поставена, при крај е и оградата. Треба да бидат поставени само уште мрежите. На крајот, на овој фин асфалт треба да се постави акрилната подлога што е карактеристична за овие игралишта на тврда подлога. Тоа е најмодерниот тип на тениско игралиште со тврда подлога, рече Апостолов.

Посочи дека планираат доколку дозволат временските услови, до крајот на месецов, комплетно да бидат завршени тениските игралишта и да бидат пуштени во употреба. Додаде дека поставени се и рефлекторите, комплетната конструкција, па во иднина не само преку ден, туку и во вечерните часови, сите заинтересирани тенисери и рекреативци, ќе можат да доаѓаат на овие тениски игралишта и да играат на тврда подлога.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза