Карпош Соколи гостува кај ФМП во обид да дојде до по првата победа во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи досега се немаат израдувано на победа во регионалната АБА лига. Шансата за прв триумф по седумте порази, составот на Карпош Соколи ќе ја бара во денешниот дуел против ФМП во Белград. По промената на тренерското мести и доаѓањето на Драган Николиќ на кормилото на „соколите“ во тимот од Карпош се надеваат дека конечно за екипата ќе претстои период на подобри резултати. 

Дуелот од 8.коло во АБА лигата меѓу ФМП и Карпош Соколи ќе се игра вечер од 18 часот, а три часа подоцна, во последниот меч од оваа рунда ќе играат големите белградски ривали Црвена звезда и Партизан. 

На натпреварите од ова коло кои веќе се одиграа постигнати се овие резултати: 

Задар – Игокеа 83:90,
Будуќност – Цибона 95:79, 
Мега Лекс – Крка 95:96, 
МЗТ Скопје Аеродром – Олимпија 97:96 и 
Цедевита – Морнар 99:73.

Табела: Будуќност 8-0 (победи-порази), Црвена звезда 7-0, Цибона 6-2, Цедевита 5-3, Партизан 6-1, Игокеа 4-4, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Мега Лекс 2-6, МЗТ Скопје Аеродром 2-6, Олимпија 2-5, ФМП 2-5, Карпош Соколи 0-7.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос