(ВИДЕО) Заев: Оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех, затоа што е коалиција за живот!

Од:

„Мојата намера е да продолжам да живеам во четврта изборна единица, а да ја водам Република Македонија водејќи ја извршната власт. Јас сум горд на тоа што денеска е Струмица. Не беше лесно кога граѓаните ја дадоа честа и одговорноста. Пливаше во долгови. Се фатив за главата и не знаев како ќе биде. Предизвикот беше огромен. Денеска Струмица е една од најразвиените општини во Република Македонија. Ова го кажувам за да не губиме верба, дека не може. Може и со нашата Македонија.

Делегатите донесоа историска одлука, ја поддржаа граѓанска Македонија. Потврдивме дека најголемиот политички субјект верува во граѓанскиот концепт што ќе успее во Република Македонија. Ви ја ветувам Македонија. Ви ја ветувам напредна и успешна Македонија. Оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција ќе го врати животот во Македонија. Оваа коалиција победува на 11 декември. Затоа што ова е коалиција на животот. НА 11 декември носиме живот во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација