Пред точно две децении Реал Мадрид падна во „Јане Сандански“

Од:

Датумот 6 ноември со златни букви е запишан во историјата на МЗТ Скопје Аеродром, бидејќи на денешен ден во 1996 година беше остварена најголемата победа досега – против големиот Реал Мадрид во рамки на Еврокупот во организација на ФИБА Европа.

Пеколот во стариот „Јане Сандански“, во кој имаше речиси двојно луѓе од предвидениот капацитет, беше несовладлива пречка за ѕвездите на „кралскиот клуб“, кои беа предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а за кого играше и Дејан Бодирога. Резултатот беше 69-68 во корист на „сино-белите“ и тоа со двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски на неколку секунди до крајот.

Блажевски со 22 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје на овој меч, Мирза Куртовиќ постигна 15, Врбица Стефанов 14, а Американецот Марк Дин 11 поени со седум скока. Зад името на Игор Михајловски останаа запишани четири, а Ѓорѓи Књазев постигна три поени. Минутажа добија и Тони Симиќ и Дејан Димов, а на клупата останаа Антонио Миневски и Борис Нешовиќ.

Во чест на овој триумф, а во рамки на континуираната прослава на 50-годишнината од формирањето, тимот од Аеродром ќе организира мала свеченост на полувремето од претстојниот дуел од Еврокупот в среда против Гран Канарија. Се очекува на паркетот да се појават најголем дел од играчите и стручниот штаб на тимот кој го урна Реал Мадрид, кои ќе добијат пригодни подароци и кои се очекува повторно да бидат поздравени со френетичен аплауз како што беше пред 20 години.

Гостин на прославата ќе биде и легендарниот коментатор Љупчо Николовски, чиј глас беше своевиден заштитен знак за средбите кои нашиот клуб ги играше во тоа време.

Влезниците за овој спектакл, на кој како играчи на шпанскиот тим ќе се појават и поранешните македонски репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс, веќе се пуштени во продажба и тоа по цена од 150 денари. Истите може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос