Младите од Крива Паланка реализираат проект со 12 Европски земји

Од:

 Центар за младински иницијативи „Цик–Цак“ како претставник од Македонија и младински организации од 12  европски земји, Англија, Италија, Литванија, Грција, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Полска, Романија, Србија и Турција го имплементираат проектот „Академија за проектен менаџмент“, финансисран од програмата за доживотно учење на Европската унија преку програмата Ерасмус + .
 
Целта на проектот е преку зголемувањето на знаењата и искуството на младите луѓе да ги зголеми капацитетите на организациите за успешно менаџирање на проекти финансирани од Европската унија, особено преку програмата Ерасмус +. 
 
Проектот вклучува шест активности од кои три се тренинг работилници. Првата беше одржана во Драч, Албанија, а на истата учествуваа тројца претставници од „Цик-Цак“.
 
– На работилниците се изучуваат теоретските и практични делови за изработка на проекти, почнувајки од идентификување на проблемот, преку пишување проектна апликација и аплицирање до Европските фондови, се до имлементацијата на проектните активности, изјави Јорданчо Миневски од „Цик-Цак“, партнер организација во имплементација на проектот.
 
ЦМИ „Цик – Цак“  е единствен претставник од Македонија, а вклучени се младински организации од 12 европски земји, Англија, Италија, Литванија, Грција, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Полска, Романија, Србија и Турција. 
 
Проектот опфаќа и два координациони состаноци на кои ќе се договара како успешно да се спроведе проектот, како и организирање на работилници кои сите партнер организации треба да ги спроведат во своите заедници пренесувајки го стекнатото знаење и искуство.
 
– Покрај знаењето и вештините кои организациите ќе ги стекнат преку учество во проектот, особено важно е вмрежувањето помеѓу самите организации и воспоставување соработка за заеднички настап во следните европски проекти како и воспоставување на долгорочна соработка. ЦМИ „Цик – Цак“ веќе успеа да воспостави  првична соработка со неколку  организации со кои работи на подготвување на проектни апликации кои би се аплицирале во следниот повик на Ерасмус + програмата кој би требало да биде на почетокот на месец Февруари 2017 година, додаде Миневски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза