Попоски и Сијарто во Рига: Унгарско-македонска стратешка соработка за повеќе теми

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија денеска во Рига се сретна со шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто, јави дописникот на МИА од Брисел.
 
Според Кабинетот на македонскиот шеф на дипломатијата, две теми биле во центарот на дискусијата со неговиот унгарски колега, а тоа се евро-атлантските интеграции на Македонија и соработката меѓу Народна Република Кина и 16-те централно-источни европски земји.
 
Во однос на првата тема, министрите ја нагласиле важноста од македонско членство во НАТО, како фактор за зголемена стабилност во рамки на Југоисточна Европа. Во однос на ова, Попоски и Сијарто разговарале за мигрантската тема и потребата за здржување на интензивна соработка меѓу сите земји што се наоѓаат на главата мигрантска рута.
 
Во вториот дел од разговорот на нивната средба, Попоски и Сијарто ги разгледале можностите за користење на соработката на земјите од Источна и Централна Европа со Кина за подобро инфраструктурно поврзување по должина на главните логистички коридори. 

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија