Регионален офталмолошки симпозиум на тема „Новитети во офталмологијата“ на кој ќе присуствуваат имиња од светот на офтамологијата од целиот регион, специјалисти офталмолози и многу специјализанти, ќе се одржи денеска во Скопје.
Симпозиумот е акредитиран од Лекарска комора на Македонија, а ќе обезбеди поголема едукација на медицинскиот персонал промовирајќи позитивни практики и здравствени услуги што резултираат со трајни подобрувања, ефективни резултати што значат одржливи придобивки за општеството.
На овој настан ќе учествуваат и специјалистите офталмолози Никица Габриќ од универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб и Златко Арнаудовски од Систина Офталмологија.