Викторијанско скалдиште трансфомирано во модерен дуплекс

Од:

Лондонското архитектонско студио „Крис Дајсон Архитектс“ трансформираше едно двокатно складиште изградено во викторијанскиот период, во современ луксузен дуплекс со неодолив стил.

Дуплексот претставува израз на единствениот пристап на дизјанерското студио, при што се видело сметка за зачувување на историските карактеристики на градбата, но и за создавање на нов и модерен изглед.

Употребениот оксидиран бакар додаден на екстериерот совршено се вклопува со црвените ѕидови од тули, а во внатрешноста на градбата е обезбеден идеален спој на индустрискиот и минималистичкиот стил. 

При реновирањето во внатрешноста се користени алуминум третиран со прав, бетонски елементи и дрво од лимета со кое се обложени подовите. 

Дневната соба и кујната имаат големи прозорци преку кои влегува светлина и се нуди спектакуларен поглед, а воедно е обезбедена и поврзаност меѓу надворешноста и ентериерот.

Поделбата на просторот во внатрешноста е обезбеден со лизгачки стаклени панели, со што се добива визуелно чувство на пространост и се овозможува слободен проток на енергија низ дуплексот.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска