Извршена е брза и квалитетна реконструкцијата на основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, оцени денеска заменик министерот за образование Спиро Ристовски при посетата на училиштето.
– Овој градежен зафат беше неопходен бидејќи се случи извесно оштетување на околу 17 училници од земјотресот кој се случи во септември оваа година, истакна Ристовски.
Потенцира дека според извештајот на ИЗИИС објектот е стабилен, но дека овие зафати кои ги направи општината биле неопходни.
Градоначалникот на општината Сокол Митровски информира дека инвестицијата чини 3,5 милиони денари, а санирани се плафоните и извршена е дилатација на споевите на објектите оштетени од земјотресот.