Се гради мост во светиниколската населба „Долни Ливади“

Од:

Во населбата „Долни Ливади“ во Свети Николе денеска почна изградбата на нов мост на река „Мавровица“ на местото на урнатиот  мост од високиот водостој на реката во февруари минатата година. 

Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев, вели дека по уривањето  на мостот, општината  веднаш презеде активности за барање на извори за финансирање, со што се обезбедија парични средства од мисијата на Европската Унија, а целокупната процедура ја води мисијата на УНДП. Покрај изградба на новиот мост е предвидена и изградба на ново речно корито пред и после мостот во должина од 170 метри.

– При обилните дождови минатата година беше зголемен водостојот на реката од 45 метри кубни во секунда што предизвика поткопување на темелите и уривање на мостната конструкција која остана да стои во речното корито. Тоа претставуваше сериозна опасност за излевање на водата од коритото и поплавување на објектите и околното земјиште. Изразувам голема благодарност на мисиите на ЕУ и УНДП за поддршката и дадените средства за реализацијата на проектот, истакна градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.рече Тасев. 

Мостот на реката Мавровица во населбата Долни Ливади се очекува да биде изграден до март 2017 година.  Изведувач на работите е градежната компанија „ Промонтинг“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза