Поради локаутот во најдобрата светска хокејарска лига НХЛ, една од најголемите хокераски ѕвезди Сидни Крозби, е многу близу да пронајде клуб надвор од НХЛ.
За негова среќа, екипите од КХЛ (Континентална хокеарска лига) плаќаат повеќе од добро, а ниту Швајцарците не штедат.
„Не сум оптимист во врска со прекинувањето на лок-аутот. Поради тоа мојата преселба во Европа е се поверојатна“, порачал Крозби.
Хокеарот на Питсбург „Пингвинс“ лани го пропушти почетокот на сезоната, бидејќи во многу краток период доживеа два потреса на мозокот. Пред три години ја освои титулата со „Пингвините“, а во 2006/2007-та ја заслужи титулата најкорисен хокеар во НХЛ.