Уметност од отпад – Нагред конкурс

Од:

Компанијата „Пакомак“ распишува награден конкурс Trash for аrt. Готовите уметнички дела треба да бидат доставени најдоцна до 15 декември годинава, на локација која ќе биде објавена на веб страната www.pakomak.com.mk, а победниците во двете категории ќе добијат награда од по 50.000 денари.

Наградниот конкурс е отворен за 2 категории: поединци и училишта (основни и средни).

Во секоја категорија ќе бидат поделени по 3 награди.
I место – 50.000 денари по категорија (вкупно 100.000 денари за двете категории)
II место – 25.000 денари по категорија (вкупно 50.000 денари за двете категории)
III место – 15.000 денари по категорија (вкупно 30.000 денари за двете категории)

– Во креирањето на делата може да се употреби амбалажен отпад како лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, опаковки и сл.

Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см – велат организаторите.

Целта е да даде поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да се инспирираат граѓаните да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад.

Би можело да ве интересира

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

А1он

„Калдрма-матине“ во Сули ан

Ана Ололовска

Oбнова на ентериерот на галеријата на Никола Мартиноски

Ана Ололовска

Ликовен хепенинг за Меѓународниот ден на Мајката Земја

Ана Ололовска

Почина Љубе Цветановски

Емир Латифовиќ