Актуелниот европски првак ЦСКА Москва и по 5. коло во кошаркарската Евролига останува без пораз.
ЦСКА во натпреварот одигран синоќа во Атина, го совлада Олимпијакос со 81-75, со што ја оствари петата победа во исто толку одиграни средби сезонава.
На другите два натпревари одиграни синоќа, Бамберг го совлада Милано со 106-102 во продолжение, по 91-91 во регуларниот дел, Реал Мадрид беше поуспешен од Галатасарај со 90-81.
Ден порано се одиграа и дуелите, Фенербахче – Уникс Казан 73-81 и Макаби ТА – Барселона 69-79.
Петтото коло во Евролигата ќе биде комплетирано вечерва со натпреварите Жалгирис – Дарушафака, Анадолу Ефес – Панатинаикос и Црвена ѕвезда – Басконија.
На табела водечки е ЦСКА Москва со маскимални 4 победи, додека по 3 победи и 1 пораз имаат Реал Мадрид и Фенербахче.
По нов следуваат Панатинаикос 3-1, Олимпијакос и Барселона 3-2,..