Изложба „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“

Од:

Во Битола вечерва во рамки на 4. Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ја отвори изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“ која беше претставена и во Рим по повод канонизацијата на Мајка Тереза.

Министерката Канческа Милевска истакна дека изложбата има голема симболика бидејќи токму Мајка Тереза целиот свој живот го посвети на поттикнувањето на најубавите и најхуманите вредности кај луѓето, на милосрдието, на човекољубието.

– Мајка Тереза, како Диоген со фенерот, секогаш го бараше најдоброто во луѓето, го поттикнуваше нашето сочуство, а истовремено се грижеше за сиромашните, осамените, заборавените, за сите оние кои не почувствувале човечки допир, радост и среќа. Затоа, сите ние денеска имаме историска задача, да го продолжиме нејзиното дело, нејзината мисија за мир и љубов на земјата и единство и дијалог меѓу народите. Ние сме навистина горди што Мајка Тереза е родена во Скопје, во нашиот главен град во кој таа ја донесе и својата судбоносна одлука, да му го посвети животот на бога, на оние на кои им е потребна вера, надеж, љубов, рече Канческа Милевска.

Изложбата содржи неколку тематски целини, паноа на кои се илустрирани впечатливи фотографии, документи и наративен текст придружен со најдлабоките размисли на Мајка Тереза, експонати кои ги претставуваат детството и младоста на Мајка Тереза, семејството и блиските пријатели.

– Мајка Тереза е богатство на нашата современост, нејзиниот живот е уникатно сведоштво за бескрајната пожртвуваност кон другиот човек, за возвишената смисла на животот која честопати се заборава. Токму затоа една од заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во сите овие изминати години беше на еден достоен начин да одадеме почит кон делото на Мајка Тереза која ја задолжи нашата колективна меморија и остави наследство кое имаме обврска да го опредметиме, посочи Канческа Милевска.

Спомен домот на Мајка Тереза во последните 7 години, како што кажа, го посетиле преку 800.000 посетители од целиот свет, а наскоро ќе биде изграден уште еден паметник на Блажената Мајка, скулптурална композиција која ќе потсетува на влогот на големата хуманистка, на нејзиниот живот кој е пример и извор на вдахновение.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи