Отворен македонскиот павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска свечено го отвори македонскиот национален павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај. Павилјонот е постојан изложбен простор за македонските земјоделско прехранбени производи во Шангај.

За време на свеченоста беше промовирано и македонското вино и беа претставени потенцијалите на овој сектор. 

Во разговорите со високите претставници на бесцаринската зона за следниот период беа договорени интензивни промотивни активности на повеќе македонски прехранбени производи на кинескиот пазар.

Отворањето на македонскиот павилјон претставува уште една шанса за подобрување на трговската размена со Кина и повеќемилионскиот Шангај, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза