Продолжува шпанската серија со Диме Спасов

Од:

Наместо оставка, заменик министерот а и власта упорно се обидуваат да ја убедат јавноста дека Спасов бил жртва, а со тоа да го оправдаат неговото останување на функцијата, иако ваквите филмови не проаѓаат повеќе. Последна во низата манипулации е снимката најверојатно од УБК на која се гледа дека Диме Спасов го бркаат полицијата и алфите, но во тесктовите на медиумите блиски до власта се претставува дека се тие “насилниците“ од кои му бил загрозен животот.

Оваа снимка се појавува синхронизирано со интервјуто на Диме Спасов кој кажа дека го бркале со пиштоли, односно се појавува како потврда за неговите тврдења, со тоа што се извртени фактите. Спасов го бркаат Алфите исто како што постапуваат кон секого кој не застанува на нивно барање. Се гледа и дека алфите тропаат на возилото и бараат да излезе од него, но тој продолжува да бега.

На снимката која е сечена на одредени делови се гледа и полициско возило во моментот за кој се посочува дека “насилниците“ имале пиштоли во раката, тропале и барале да излезе, што повторно ги демантира тврдењата дека се работи за криминалци.

На крајот на снимката видливо е дека “насилниците“ се полициски припадници кои го вадат Спасов од возилото. Токму тоа е моментот кој го нема на снимката, а каде Диме Спасов успева да избега со трчање од ваквите “насилници“.

Премногу наивно се брани нешто што не може да се одбрани. Спасов треба да каже што барал со службено возило доцна навечер и зошто како што се гледа од снимката не застанува на барање на Алфите. Снимките и интервјуто на Спасов се појавуваат по пет дена молк, а “насилниците“ кои Спасов ги посочи и чиј “пасат“ го удри, сами во полициска станица изјавија дека ништо од тоа не е вистина. Девојката која беше со Спасов и која ја остави сама во Туарегот, има изјава во полицијата дека никој не им се заканувал. Возачот на пасатот кој го следи Диме Спасов, се јавил во полицијата да пријави дека Туарегот го удрил и побегнал. Тој и кажувал на полицијата каде се движи Диме Спасов. Во целата приказна со која власта сака да ја манипулира јавноста недостасува лицето кое два часа по инцидентот се пријави да каже, односно излаже дека тој го возел Туарегот. Диме Спасов како што вели бил во “опасност“ но ниту еднаш не се јавил во полицијата да побара заштита. Ако е од Диме, и за Диме, премногу е.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за екс министерот Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески

А1он

И Андонов мобилизиран да го брани Диме: Оливер Спасовски да поднесе оставка зошто лаже

Емир Латифовиќ

Има ли крај: Сопатничката на Диме Спасов по трет пат ја смени изјавата за инцидентот

Ана Ололовска

СДСМ: Диме Спасов не смее да се доближи повеќе на нашите деца!

Ана Ололовска

СДСМ: Спасов продолжува да се брука, без трошка срам и каење

Ана Ололовска

ВИДЕО: Наместо оставка, Диме Спасов се прикажа како жртва, а ќе работел и за народот

Ана Ололовска