Костадинов: Во Меѓаши и ОБСЕ ќе пријавиме дека деца присуствувале на собир на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Трибината што ја организираа од Унијата на млади сили во Струмица, во малата сала во Центарот за култура „Антон Панов“, е уште една потврда дека времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ помина. Празните места ги пополнија со малолетници, рече денеска Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

– Лагите и манипулациите веќе не минуваат ниту кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ. И на партискиот собир во село Вељуса, имало присуство на малолетни лица, на возраст од десетина години, за да се прикрие загубената поддршка на врвот на оваа партија дури и кај сопственото членство. Како што може да се види од оваа фотографија, малолетни деца се сликани заедно со директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ подружница Струмица и други локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е скандал и претставува класична злоупотреба на деца. Согласно правните прописи во Република Македонија се забранува секаков вид на злоупотреба на децата. Во Законот за заштита на децата, член 12. став 4 стои: Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување – рече Костадинов.

СДСМ бара надлежните институции под итно да преземат мерки, а партијата оваа злоупотреба ќе ја пријави во детската амбасада „Меѓаши“ и во ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски