Изложба на странски автори на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016

Од:

Во рамки на официјалната програма на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016, од денеска до 10 ноември годинава ќе се претстават уметниците од Белорусија, Чешка, Казахстан, Литванија, Русија, Словачка и Украина.

Изложбата е на авторите Татсиана Карпачова, Карина Каранека, Наталија Шкраба, Линда Цихарова, Павел Трнка, Марсела Вихрова, Јиржи Андерле, Ренат Елубаев, Римутдас Пупелис, Гидре Рискуте, Игор Лишенко, Ана Никифорова и Олга Орел, Лиа Паче, Блажеј Балаж, Марија Балажова, Милан Хнат, Ева Хнатова, Ихор Мариниак и Богдан Пилипушко.

– Ова е ретка можност автори од држави со транзиција во своето минато да се најдат еден до друг и преку своето творештво да не потсетат дека и над понекогаш трауматичната трансформација на општествата, секогаш и без исклучок триумфира уметноста, информира „Остен“.

Посетителите ќе можат да ја проследат изложбата во Галерија Остен секој работен ден, од 9 до 17 часот, а во сабота од 10-13 часот.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи