Дизјанерскиото студио „Асант Архитекчр енд Дизајн“ проектираше куќа на северниот брег на Норвешка, во која главен елемент е дрвото, кое доминира како во нејзината структура, така и во внатрешниот декор.
Куќата е изградена од темно дрво во типичен скандинавски стил, кој содржи многу традиоцонални елеметни, и е структурирана за да може целосно и совршено да се вклопи во нејзиното опкружување.
Сопствениците на куќата барале од архитектите таа да биде во апсолутна хармонија со природното опкружување, но во исто време и да претставува современ дом.
Фасадата е изработена со јапонска текника на горење на дрвото, со која се потребни многу малку средства за нејзино одржување и заштита од ветерот и дождот, кои се карактеристични за тој дел на Норвешка. Покривот на куќата е прекриен со трева, со што целата градба е „камуфлирана“ и целосно се вклопува во околниот пејзаж,
Во куќата доминира дневаната соба со големи прозорци, од која се излегува на тераса што се протега до самото Северно Море и од неа може слободно да се лови риба или да се оди на капење во морската вода. Спалната соба е на ниво на мезанин, кој е сместен веднаш над пространата кујна.
Ентериерот на куќата е во целосна хармонија со надворешниот декор, што се отсликува и во фактот што внатрешните ѕидови се обложени со дрво, а и е во мебелот доминираат дрвените елементи во комбинација со светли и маринско сини бои.